Monday, May 12, 2014

Оловото (Pb), сивкаво-син метал, припаѓа во IVa група на метали во периодниот систем на елементите. Оловото има голема густина и затоа спаѓа во т.н. тешки метали. Тоа е мек метал и може да се извлекува во жици.Оловото и неговите соединенија се силни отрови и опасни загадувачи на средината. Има ниски температури на топење,а со стоење на воздух се покрива со оксиден слој кој го штити од натамошна оксидација.Тоа се употребува за заштита од рендгенските зраци. Уште поголема примена наоѓаат неговите легури за лемење кои се употребуваат за спојување на метални жици (тетраетил оловото е органско соединение кое се додава во бензинот како антидетонатор.Го има во издувните гасови од возилата и е еден од главните загадувачи на воздухот со олово.Оловото гради повеке соли.Некои од нив се употребуваат како бои.  Оловото гради повеќе оксиди. Оловото е сериозна закана за здравјето на луѓето и може сериозно да му наштети речиси на секој орган на човечкото тело. Најчувствителен од сите е ЦНС но исто така лесно можат да бидат погодени бубрезите како и имунолошкиот систем. Децата се особено чувствителни на труење со олово поради тоа што тие апсорбираат и задржуваат повеќе олово во однос на нивната тежина од возрасните. При вакви изложувања кај децата се  појавуваат тешкотии при учењето и нормален раст.Воздухот, иако е базичен и егзистенцијален ресурс за живот, не е поштеден одзагадувањата. Една од најштетните компоненти, која може да е присутна во воздухот, е оловото. Природните извори, како што е правта и гасовите кои дифундираат од Земјината кора, многу малку ја загадуваат атмосферата со олово.

No comments:

Post a Comment