Оловото во природата ретко се наоѓа чисто, самородно. Во земјината
кора се наоѓа во количина од 0,001%.
Најважни оловни руди се: галенитот (PbS), церузитот (PbCO3), англезитот (PbSO4),
вулфенитот (PbMoO4) и Scheele-овата руда (PbWO4). Меѓу нив,
најраспространет е галенитот, кој содржи примеси на цинк, железо, арсен,
бизмут, бакар, флуорит, калај, сребро
и злато.
Можноста
за труење при вадењето на оловната руда е минимална
бидејќи во рудниците оловото се наоѓа главно во облик на
слабо растворлив оловен сулфид (галенит). Рудниците чиишто јами
се лоцирани поблиску до земјината површина содржат оксидирани
руди на сулфат и карбонат коишто се многу порастворливи,
па со тоа и потоксични.
No comments:
Post a Comment