Monday, May 12, 2014

Оловото како загадувач на животната средина

Воздухот, иако е базичен иегзистенцијален ресурс за живот, не е поштеден од
загадувањата. Една од најштетните компоненти, која може да е присутна во воздухот, е оловото. Природните извори, како што е правта и гасовите кои дифундираат од Земјината кора, многу малку ја загадуваат атмосферата со олово. Утврдено е дека само околу 0,0005 μg·m-3 на оловото во воздухот (помалку од 1%) се однесува на природните извори, додека останатото олово што е присутно во воздухот потекнува од извори кои со својатаактивност ги создал човекот. Ако се исклучат отпадните гасови од индустриските објекти (на пр. топилници за олово), поголемиот дел од оловото во атмосферата на населените подрачја потекнува од издувните гасови од автомобилите. Во поголем број населени места околу 90% од оловото во воздухот потекнува од моторните возила. Оловото во моторните бензини се додава како антидетонатор при нивното согорување во форма на тетраалкил олово (ТАО). Антидето- наторските средства, коишто содржат алкил оловни соединенија, започнале да се додаваат на комерцијалните бензини за да се подобри октанската вредност на бензинот. Најупотребувано од сите овие средства е тетраетил оловото (ТЕО), (C2H5)4Pb. Оловото кое се емитира во атмосферата по согорувањето на моторните бензини, кои како антидетонатори содржат тетраетил олово, претежно е во форма на неоргански соединенија.  Оловото сврзано во органски соединенеија е застапено во овие гасови во мали количества како тетраалкил и триалкил оловни соединенија.  И покрај тоа што при согорувањето на бензините во автомобилските мотори оловото се исфрла во форма на неоргански соединенеија, еден дел се исфрла и во форма на органски соединенеија на оловото (тетраетилово, триетилово и др.). 

No comments:

Post a Comment