Воздухот, иако е базичен иегзистенцијален ресурс за живот, не е поштеден од
загадувањата. Една од најштетните компоненти, која
може да е присутна во воздухот, е оловото. Природните
извори, како што е правта и гасовите кои дифундираат од Земјината кора, многу малку
ја загадуваат атмосферата со олово. Утврдено
е дека само околу 0,0005 μg·m-3 на оловото
во воздухот (помалку од 1%) се однесува на природните извори, додека останатото
олово што е присутно во воздухот потекнува од извори кои со
својатаактивност ги создал човекот. Ако се исклучат отпадните
гасови од индустриските објекти (на пр.
топилници за олово), поголемиот дел од оловото
во атмосферата на населените подрачја потекнува
од издувните гасови од автомобилите. Во
поголем број населени места околу 90% од оловото
во воздухот потекнува од моторните возила. Оловото
во моторните бензини се додава како антидетонатор при нивното согорување во форма
на тетраалкил олово (ТАО). Антидето- наторските
средства, коишто содржат алкил оловни соединенија, започнале да се додаваат на комерцијалните
бензини за да се подобри октанската вредност на бензинот. Најупотребувано
од сите овие средства е тетраетил оловото (ТЕО), (C2H5)4Pb. Оловото
кое се емитира во атмосферата по согорувањето на моторните бензини, кои како антидетонатори
содржат тетраетил олово, претежно е во форма на неоргански соединенија. Оловото сврзано
во органски соединенеија е застапено во овие
гасови во мали количества како тетраалкил и
триалкил оловни соединенија. И
покрај тоа што при согорувањето на бензините
во автомобилските мотори оловото се исфрла
во форма на неоргански соединенеија, еден
дел се исфрла и во форма на органски соединенеија
на оловото (тетраетилово, триетилово и др.).
Олово
Monday, May 12, 2014
Извори на експозиција
Оловото во природата ретко се наоѓа чисто, самородно. Во земјината
кора се наоѓа во количина од 0,001%.
Најважни оловни руди се: галенитот (PbS), церузитот (PbCO3), англезитот (PbSO4),
вулфенитот (PbMoO4) и Scheele-овата руда (PbWO4). Меѓу нив,
најраспространет е галенитот, кој содржи примеси на цинк, железо, арсен,
бизмут, бакар, флуорит, калај, сребро
и злато.
Можноста
за труење при вадењето на оловната руда е минимална
бидејќи во рудниците оловото се наоѓа главно во облик на
слабо растворлив оловен сулфид (галенит). Рудниците чиишто јами
се лоцирани поблиску до земјината површина содржат оксидирани
руди на сулфат и карбонат коишто се многу порастворливи,
па со тоа и потоксични.
Оловото (Pb), сивкаво-син метал,
припаѓа во IVa група на метали во периодниот систем на елементите. Оловото има голема густина и затоа спаѓа во т.н. тешки
метали. Тоа е мек метал и може да се извлекува во жици.Оловото и неговите
соединенија се силни отрови и опасни загадувачи на средината. Има ниски
температури на топење,а со стоење на воздух се покрива со оксиден слој кој го
штити од натамошна оксидација.Тоа се употребува за заштита од рендгенските
зраци. Уште поголема примена наоѓаат неговите легури за лемење кои
се употребуваат за спојување на метални жици (тетраетил оловото е органско
соединение кое се додава во бензинот како антидетонатор.Го има во издувните
гасови од возилата и е еден од главните загадувачи на воздухот со олово.Оловото
гради повеке соли.Некои од нив се употребуваат како бои. Оловото гради повеќе оксиди. Оловото е сериозна закана за здравјето на луѓето и може сериозно да му наштети речиси на секој орган на
човечкото тело. Најчувствителен од сите е ЦНС но исто така лесно можат да бидат погодени бубрезите како и имунолошкиот систем. Децата се
особено чувствителни на труење со олово поради тоа што тие апсорбираат и
задржуваат повеќе олово во однос на нивната тежина од возрасните. При вакви изложувања кај децата се појавуваат тешкотии при учењето и нормален раст.Воздухот, иако е базичен и егзистенцијален ресурс за
живот, не е поштеден одзагадувањата. Една од најштетните компоненти, која може да е присутна во воздухот, е оловото. Природните извори, како што е правта и гасовите кои дифундираат од Земјината кора, многу малку ја загадуваат атмосферата со олово.
Subscribe to:
Posts (Atom)